Има квалитет на македонската естрада, но најубавите македонски песни се секогаш задскриени. Ова го истакна Христијан Божинов Кики при неодамнешното гостување во ИН Продукција.

Пред извесно време во студиото на ИН Продукција гостуваше Христијан Божинов Кико. Тој меѓудругото проговори и за состојбата со македонската песна, потенцирајќи дека најубавите македонски песни тешко излегуваат на површина и од разни причини остануваат задскриени, што според него е доста погрешно.
-Моментално квалитетна македонска музика има, но најдобрите песни мислам дека секогаш се скриени и не знам од кои причини. Значи има многу убави македонски песни, но најубавите се некако подзаскриени, не слушани. Секогаш испливува нешто друго, не велам дека не е квалитетно, но најквалтетното едноставно е задскриено.-истакна Божинов, за естрадниот магазин Естрада плус.

Кико со нас го сподели и неговото мислење околу најголемиот тренд во моментов, снимањето на кавер верзии на веќе постоечките хитовски песни.
-И тоа има улога бидејќи се снима се и сешто. Една песна ја снимаат повеќе групи, така да кога ќе пуштат луѓето не знаат што да слушаат и тука веќе самата песна станува одбивна. Затоа треба малку да се распоредат песните околу овие кавер верзии.-додава тој, за гледачите на ИН ТВ.
Инаку, изминатиов период помина доста работно за Кико и неговиот Болеро бенд. Тие во соработка со ИН Продукција снимија четири видео записи на повеќе локации во Охрид. Во моментов ги прават последните подготовки за престојната Австралиска турнеја каде што ќе останат скоро месец и пол, а ќе остварат осум концерти во различни градови каде што ги има нашите македонци.
