Ана Севиќ и Дарко Лазиќ уште на почетокот на нивната врска беа интересни за јавноста, па често имаше разни вести за нив.

За време и по нивниот развод, тие сеуште се мета на медиумите иако секој од нив си го живее својот живот.
Имено, Дарко Лазиќ неодамна стана татко по вторпат, односно неговата свршеница Марина Гагиќ му роди син, додека пак Ана Севиќ е во нова љубовна врска со Даниел.
Иако повеќе не се во брак, Ана и Дарко се во добри односи поради нивната ќерка Лорена. Токму поради неа тие одлучија повторно да се сретнат и да се прошетаат заедно со ќерката во еден белградски трговски центар.
Тие цело време биле расположени, а најмногу уживала Лорена која во присуство на двајцата родители не ја тргнувала насмевката од лицето.
