Македонецот Мартинијан освојува на „Ѕвездите на Гранд“

Please follow and like us:
Pin Share

Мартинијан Кириловски кој е познат на јавноста по извонредните настапи на шоуто Икс Фактор, повторно ја освојува публиката,  но овој пат на Гранд ѕвездите. Мартинијан отпеа песни од Жељко Јоксимовиќ и Тоше Проески, па откако се бореше во баражот, помина во третиот круг од шоуто.

Македонскиот претставник Мартинијан Кириловски својот настап го започна со пијано верзија на хитот „Не даш ми мира“ од Жељко Јоксимовиќ, а потоа продолжи на македонски јазик со песната „Во коси да ти спијам“ на нашиот легендарен пејач Тоше Проески.

Публиката му довикуваше дека е фантастичен, а жирито му даде зелено светло за да продолжи во баражот, па во третиот круг на „Ѕвездите на Гранд“.

-Ниедна забелешка немам ниту за првата, ниту за втората песна. Отпеа перфектно!-беше коментарот на Аца Лукас за неговиот настап.

Извонредниот настап на Мартинијан може да го погледнете од видето во продолжение на 28-та минута !

Please follow and like us:
Pin Share