
Новата надеж на македонската фолк музика промовира нова песна за која веруваме дека ќе стане составен дел од секоја македонска свадба. Не дека насловот на новото дело на Александар е „Свадбарска“ туку поради ритамот, мелодијата и неговото извинредно пеење. просто чудо како толку младо момче може да има толку зрел и изграден стил на пеење..Песната ја промовираше во Македонското музичко шоу ИмаТ немаТ.

Текст: Стојан Лазаревски
Музика и аранжман: Славко Ристески
Зурла и кавал – Џељо Дестановски
Саксофон и кларинет – Кире Мената
Хармоника – Славко Ристески
Продуцент – Славко Ристески
Prosound production studio Прилеп