Сузана објави стори на Инстаграм од свадба, и тоа не било каде, туку кај фамилијата Елмас. На неколку сториња во позадина се гледа како фудбалерот Елиф Елмас стои позади неа и игра со кренати раце, додека Сузе му пее и му игра, па и снима..
Па така, Сузе ја пееше својата песна „Бум бум“, а сите гости на свадбата играа и пееја како построени кога ќе се слушне гласот на Сузе. Позади Сузана се гледаше Елиф Елмас кој не се одлепи од неа, со кого играа блиску еден до друг додека таа ја пее нејзината позната песна.
– Пу-ста љубомора разединува; Само песна нас не обединува; Не е важно тоа кој од каде е; Треба сложно да се живее; Пуста љубомора разединува
Само песна нас не обединувач Не е важно тоа кој од каде е; Треба сложно да се живее. Сузе објави фотографија со Елиф, и напиша:
,,Најдобриот фудбалер” со што Елмас неколку пати ја сподели фотографијата со Гавазова.
-Најубава и највесела свадба кај фам Елмас, додаде пејачката.