
Македонскиот натпреварувач во музичкото шоу „Никад није касно“, Бобан Цаневски од Скопје е еден од тројцата победници во големото финале кое се случи вчера.
Бобан во финалето пееше песна на прерано починатиот пејач Аки Ракимовски и со својата изведба, буквално ги воодушеви сите во студиото.
Ласкавата титула победник ја понесе Бобан Цаневски, кој освои дури 1.892 ваши гласови. Цаневски бил во шок, но среќен кога публиката го испратила со громогласен аплауз.
Најдобар преку Фејсбук гласови е Дубравко Биондиќ – Дуба, а победник од жирито е Амер Ченгиќ.
