Eвe колку баpaат нашите ѕвезди за да пeат на Пиво феcт, поефитно ќе cе помине, ги нема Цеца и Бpена

Please follow and like us:
Pin Share

После балкански познатите Светлана Цеца Ражњатовиќ, Северина, Данијела Мартиновиќ, Здравко Чолиќ, Неда Украден, Лепа Брена, Мирослав Илиќ, Оливер Драгојевиќ… и многу други познати музички имиња, оваа година на фестивалската пиво сцена во Прилеп ќе се појават само македонски изведувачи.

Овогодинешното издание на познатиот “Пивофест” во Прилеп на кој што досега имаат настапено голем број на македонски, но и балкански музички имиња се враќа на она почетно ниво на кое што беше на самиот почеток, кога фестивалот стартуваше пред многу години, објави порталот Музика24.

Наместо ова фестивалско издание да го дознае цел Балкан и пошироко, за среќа или жал, се враќаме неколку чекори наназад кога малкумина знаеја дека постои “Пивофест” и воопшто музички настан со кој може слободно секој прилепчанец да биде горд и да се пофали.

Неофицијално, најавени се: ДНК, Љубојна, Некст Тајм, Влатко Лозаноски-Лозано, Наум Петревски, Елена Велеска, Четкар, Нокаут, Ареа, Владо Јаневски, Суперхикс, Влатко Стефановски, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Елена Петревска, Галија, Дивље Јагоде.

Насловот на овој текст е : Пиво фест падна од коњ на магаре, а на ова регираше пејачката Елена Петреска.

Елена се налути за написот: Од коњ на магаре и тоа го искажа на својот Фејсбук профил: ете така, ние за портал (24h мк музика) сме магариња… еееех Македонијо, кога ќе си го цениш своето. Жалосно е да се прочита ваков наслов“.

Фокус објави текст поврзан со Пиво фест, но ја начна темата и за Влатко Сетфановски, по наводните муабети дека Стефановски требал да свири во Прилеп, но народот не сакал, и сега неговиот настап е откажан.

Исто така, Фокус пишува за хонорарите на пејачите кои ќе пеат на оваа позната пивска манифестација, а изјава дал Пеце Стоикоски од Арт 10 продукција, кој е задолжен за организацијата на настанот годинава.

Без оглед на тоа што се наближува датумот на одржување на манифестацијата Пивофест Прилеп, официјалната листа со музички гости кои ќе настапат пред публиката се уште не е финална.

Оној список со музички имиња кој се споделуваше на социјалните мрежи е само предлог листа, но не и конечна одлука околу имињата на музичарите.

Околу веста која деновиве беше актуелна, дека популарниот музичар Влатко Стефановски, чие име се наоѓа на првично објавената листа со потенцијални изведувачи, бил тргнат од програмата на фестивалот, затоа што прилепчани биле против негово гостување, вели за Фокус дека е целосна невистина.

Во оваа манифестација дефинитивно нема место за мешање на политика! Апсолутна невистина е дека Стефановски бил откажан.

Можам да потврдам дека се уште се преговара со менаџерски тимови, и јас не гледам никаква причина зошто Стефановски да не гостува доколку договориме хонорар и има слободен термин.

Неофицијално, околу 90 проценти од музичарите годинава ќе бидат наши ѕвезди, но се преговара и со неколку регионални пејачи. Потпис и печат уште нема на договорите, станува збор за тековни разговори.

Околу хонорарите, можам да кажам дека нашите пејачи имаа разбирање за актуелната економска состојба и излегуваат со разумни цени.

Хонорарите кои ги бараат се движат од 1.000 до 10.000 евра, а по финализирањето на договорите, транспарентно ќе ги објавиме сите суми – вели Стоикоски за Фокус.

“ПИВО ФЕСТ Прилеп” годинава ќе се одржи од 14 до 17 јули.

Please follow and like us:
Pin Share