Нашата позната фолкерка Сузана Гавазова ја воодушевува публиката со секој нејзин настап,а особено со стајлингот. Беспрекорна во изборот на модни парчиња, па многумина ќе речат- лесно и е кога е згодна, се убаво и стои.
Тоа е навистина така, па и парчињата облека кои отцртуваат и се прикажуваат и стојат совршено. Гавазова ова го потврди уште еднаш кога облече хеланки кои ја следат линијата на телото.
Оваа жена, и покрај тоа што е мајка на две ќерки, кои исто така се фотографираа со неа, сеуште сите ги остава без здив. Во преден план е нејзиното извежбано и затегнато тело, кое дополнително го истакна со впечатливиот змиски дезен, додека под црната маичка се наѕираше и градникот, па следуваа бројни коментари и комплименти на сметка на нејзиниот фатален изглед.

