Денес е Ѓурѓовден, празник на животот. На овој ден, пред осум години не напушти фолк легендата Војо Стојановски, кој со своите песни ни го разубавуваше животот, а денот ни го претвораше во празник. Остави многу песни и големо музичко творештво.
За неговата сопруга Евица Камберова –Стојановска, празнината од неговото заминување никој не може да ја пополни.
– Жалам што пропушти многу среќни, семејни случувања, иако, неговиот дух беше присутен секогаш и секаде.. Жалам за тоа што не дочека да ги види професионалните успеси на нашиот син Дамјан, иако тој ги предвидуваше. Жалам што не ја дочека и неговата свадба и раѓањето на внукот Војдан.Здравје боже и натамошно проширување на семејството. Жалам за многу нешта што не успеавме да си ги кажеме, да споделиме, да размениме мисли – ни изјави Камберова –Стојановска