Семејството секогаш му е на прво место

Please follow and like us:
Pin Share

Секое негово слободно време гледа да го помине со своето семејство, сопругата и дечињата. Фолкерот Спасен Силјаноски максимално се опушта во моментите кога нема настапи, кога е дома со своето семејство и како што вели, гледа да го надомести пропуштеното време.

-Семејството секогаш е на прво место иако ние музичарите немаме многу време за да бидеме со семејството. Јас скогаш моето слободно време гледам да го искористам максимум со нив. Еве и сега додека сум тука во емисијава кај вас, оите се надвор пијат кафе, неодам без нив. Потоа сакам да ги прошетам малку. Гледам да го искористам времето бидејќи со нив ги полнам батериите, а ја добивам и најголемата инспирација за пеење, компонирање и општо инспирација за живот, истакнува Спасен.

Спасен додва и тоа дека неговите две дечиња пројавуваат голем афинитет кон пеењето, или со еден збор веќе се по стапките на својот татко.

-Пројавуваат, да. Момчето повеќе, бидејќи е две години постаро. Кај него може повеќе да се забележи тој квалитет. Често пати го снимам и го пуштам на фејсбук да го видат моите пријатели. Се надевам дека ќе биде нешто како што сум јас, вели Спасен.

Иако не посакува да му биде тоа професија како на Спасен, но сепак како горд татко искрено ќе се радува. Спасен и за следниот период најавува снимање на нови песни како и нов албум.

Please follow and like us:
Pin Share