Годинава одбележуваат јубилеј од 25 години на музичката сцена

Please follow and like us:
Pin Share

Јубилејни 25 години одбележуваат годинава “Бумбари бенд”. Како што се присетуваат Тони и Лазе, едни од основачите на бендот, пред 25 години отпочнала приказната поврзана со овој бенд, кога се одлучиле да ја пеат и негуваат македонската песна.

-Баш пред 25 години започна функционирањето на нашиот бенд,а кога изминаа, многу брзо. Навистина, кога ќе погледнам слики наназад и некои случки, значи многу брзо одлетале тие години, вели Тони.

Инаку Лазе и Тони кои се браќа, истакнуваат дека во овој изминат период од постоењето на бендот имало некои измени, но сепак основата останала како главен двигател.

Својот јубилеј кој е навистина за почит, “Бумбари бенд”одлучија да го одбележат со реализација на музички видео проект во кој учевствуваат  познати фолк имиња од македонската естрада. Познатите песни испеани во заедничка соработка со “Бумбари бенд” и Марјан Коцев, потоа прекрасни музички звуци со кралот на саксафонот Ферус Мустафов, како и добро познатото младо муичко име Дамјан Стојаноски.

-Ние со колегите од цела македонска естрада многу живееме и приватно и соработуваме. Во моментов имаше повеќе колеги кои што некои не беа во можност заради работни обврски, некои  во странство. Овие се неколку, мал дел од многуте колеги кои што можеда да присуствуваат ,но во интерес на времето можеа да бидат во тој состав, истакнува Тони.

Задоволството од поканата и остварената соработка е взаемно и од страна на поканетите пејачи. Особено со пофални зборови за “Бумбари бенд” е и кралот на саксафонот Ферус, кој истакна дека долги години се познаваат со членовите од бендот.

-Прво се знаеме долго време со нив. Соработка заедничка имаме доста време. Им честитам за 25 годишниот јубилеј. Поканет сум како специјален гостин да учевствувам и јас кај нив. Мислам, не смеам да ги одбијам, мораше и јас да бидам присутен на овој проект, вели Ферус, додавајќи дека повеќе ги поврзува и тоа што и бендот и Ферус потекнуваат од ист град, Штип.

Со свои добро познати хит песни во јубилејниот проект на “Бумбари бенд” се јавува и Марјан Коцев.

-На мое задоволство ете ќе бидам дел и од “Бумбари бенд” како гостин на ова нивно видео издание. Соработувам со секој еден бенд, кој што сака да бидам јас гостин и некако да се помогне во сета таа работа. Можам да помогнам со сето мое знаење и да направиме некој проект, но пред се и дружбата е тука во прв план, додава Марјан.

Своите големи хит песни во јубилејниот проект на “Бумбари бенд” ги отпеа и младиот Дамјан Стојаноски, кој не го криеше задоволството што е дел од овој голем проект.

-Се познавам со бендот. Тони ми се јави и ме покани да бидам дел од овој проект кој што е и одбележување на нивното  годишно постоење. На овој проект се моите песни “Клетва”, “Бојана ми е судена” “Мајко чекајме ” и “Тешко мина докторе”, истакна Дамјан.

“Бумбари бенд” нема да застанат тука, тие најавија снимање на нови песни како и подготовка за нивниот трет албум.

Please follow and like us:
Pin Share