
Деновиве фолкерката Сузана Гавазова на посебен начин се прости од големото музичко име на српската естрада Шабан Шаулиќ. Имено таа на својата објава на фејсбук профил објави несекојдневна фотографија.
На фотографијата впрочем се гледа дека големото музичко име Шабан Шаулиќ пее на свадбата на Сузе, каде таа е во бела венчаница заедно со сопругот Јасмин.
Објавената фотографија има преголем број прегледи, а исто така и коментари во позитивна смисла. Повеќе од очигледна е констатацијата дека се повеќе недостасува легендата на српската народна песна, кој својот живот го згуби во трагичната сообраќајна несреќа во Германија.