Гоце -Балада, текстовите за песните ги “вади” како од ракав

Please follow and like us:
Pin Share

Може да се каже дека со преголема леснотија се јавува како текстописец на своите песни. Познатиот Гоце Илиески-Балада открива како и  за колку кратко време го направил текстот за неговата втора нова песна за која сними и видео запис “Тоа остана”.

-Песната “Тоа остана” е создадена за неполни 4-5 минути. Го зедов микрофонот, ја снимив песната, паралелно на тоа создадов брз, динамичен текст, којшто ќе претставува една целокупна целина во однос на самата песна. Како резултат на сето тоа, во однос на овие месец дена  песната се врти континуирано на радио станиците, така да моментално сум задоволен, вели во своето интервју Гоце.

Помеѓу другото, Гоце сними и доста интересен спот за оваа песна,на повеќе интересни локации во Скопје и Прилеп, кој за многу брзо ќе ја има својата промоција на сателитската ИН телевизија. Секако најавува снимање и на дуги нови песни, заедно проследени со видео записи.

Please follow and like us:
Pin Share