Синот и ќерката на Шабан по два дена забрана го идентификуваа телото на пејачот

Please follow and like us:
Pin Share

Синот Михајло и ќерката Санела Шаулиќ го идентификуваа телото на пејачот вчера попладне околу 15 часот, потврди за српските медиуми пријател близок до семејството.

-Вистина е, го видоа и идентификуваа… Тие двајца се опростија од него во име на целото семејство. Веќе никој нема да го види, вели изворот.

Санела и Михајло поради строгите германски закони успеаја конечно да го видат телото на нивниот починат татко.

Обдукцијата е закажана за утре 21 февруари и истата ќе биде направена во Германија.

Семејството има резервирано и три термини за погребот на пејачот, петок, сабота и понеделник, но се поизвесно е дека погребот ќе се случи во понеделник.

Шабан ќе биде погребан во алејата на заслужните граѓани на Србија, откако претходно одобри градското собрание.

Возачот кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина Шабан Шаулиќ е 35-годишниот Турчин, Алсин Левент.  Тој во неделата се заби во возилото во кој беше Шабан, кој подоцна им подлегна на повредите. Што се однесува до Алсин, тој не е во затвор, туку е во болница, и е под полициска присмотра.

Како што пишува Новости.рс. во четврток ќе се изврши обдукција, а истиот ден телото на Шаулиќ со авион на српската Влада ќе биде пренесен во Белград. Погребот на кралот на народната музика ќе се изврши најверојатно во петок.

Интересно  е што Шабан три месеци пред смртта одлучил да состави тестамент, а целиот свој имот кој вреди неколку милиони евра го оставил на сопругата, децата и внуците.

“Тестаментот е направен во нивната семејна куќа, во присуство на Гоца. Во него е потенцирано дека вилата која вреди милион евра и ја остава нејзе, три стана им оставил на децата, на сите по еден, а стои и клауза дека куќата на Дедиње не смее да се продава, додека со становите можат што сакаат да прават, одлуката е нивна. Покрај имотот, со заштедата на Шаулиќ целосно право да располага со истата има сопругата, а според тврдењата на пријателите на сметките има најмалку 500 илјади евра“, открил пријател на кралот на народната музика.

Please follow and like us:
Pin Share