Леди Гага раскина со свршеникот

Please follow and like us:
Pin Share

„Пукна“ свршувачката на пејачката и актерка Леди Гага со агентот за таленти Кристијан Карин. Оваа информација ја потврдиле и од нејзиниот ПР-тим.

-Не успеа. Врските некогаш завршуваат. Не постои друга драматична приказна – велат од ПР тимот на пејачката.

Шпекулациите за прекинувањето на врската се појавија по нејзиното појавување сама на Греми наградите.

Леди Гага ја глуми главната улога во филмскиот хит „Ѕвездата е родена“, заедно со Бредли Купер.

Леди Гага неколку години беше во врска со актерот Тејлор Кини, со кој ја заскина свршувачката кон почетокот на 2017 година. Набрзо потоа се впушти во романса со менаџерот Карин, кој од неа е постар 17 години, но ни тоа не успеа.

Please follow and like us:
Pin Share