Во преубавиот амбиент на струшкото село Јабланица денеска се сними првиот видео запис на момците од
“Стил бенд” за нивната најнова песна која носи наслов “Стојнето”. Тие се презадоволни од целата реализација на видео записот, како и од сето тоа како протекна денешното снимање. Станува збор за нивна прва авторска песна која има љубовна тематика , а “Стил бенд” опстојуваат подолго време на музичката сцена.
-Автор на песната е Драган Матески, музика и аранжман Златко Миладиноски. Соработката започна така што ние прво стапивме во контакт со Златко, па потоа дојде да биде автор Драган Матески. Песната ни ја даде Златко Миладиноски .Прво сите групно, цел бенд ја преслушавме, ни се допадна и така настана целата таа соработка , прво со Златко па потоа со авторот на песната Драган, истакнува Душко Ѓероски, вокал на “Стил бенд”.
Ако тргнеме од старата дека каменот на местото си тежи, а корените секогаш влечат кон родното место, тогаш идејата за снимањето на видео записот во живописното село Јабланица потекнува токму од тоа што двајца од членовите на бендот влечат корени токму од овој крај.
-Идејата се роди заедно од нашата група, но пејачот и хармоникашот наш се од ова село Јабланица , па така и се роди таа идеја, вели Јован Настоски, сајзерист во бендот.
Од бендот се едногласни и не го криеа задоволството од тоа што се сними , како соработката од нивна страна така и големото гостопримство од страна на мештаните на селото. Видео записот се снимаше на неколку локации во Јабланица меѓу кои и атрактивното место од дворот на црквата Свети Илија во ова село, а секако во голема мерка се доловуваат и живописните недопрени предели од ова место кое е распослано на 1190 метри надморска височина, веднаш под пазувите на истоимената планина Јабланица која гордо се извишува над селото.
Видео записот ќе биде наскоро промовиран на сателитската ИН телевизија.
Coming soon Stil bend/Stojneto
Gepostet von INTV am Freitag, 8. Februar 2019