
Може да се каже дека песната “Велат не нема” дефинитивно ја одбележа 2018-та година.
Имено, песната овој месец прави една година откако Влатко Миладионски ја отпеа на минатогодишниот “Гоце Фест” и од тогаш па навака нема човек, македонец до кого не допрела оваа песна или пак нема некој кој не го знае барем рефренот на песната. Влатко со целосен заклучок дека песната е подеднакво барана на сите негови настапи како во нашата земја така и надвор од неа.
-Ја обележа годината, меѓутоа од сам почеток февруари месец беше. Јас само би посакал уште еден таков хит. Наше е да твориме, да снимаме па сега другото не може да бираме. Претходната година ете беше “Се за тебе Софке” и таа имаше убави рекации. Генерално вакви прашања добивав и тогаш , па еве испадна “Велат не нема” , па до година можеби ќе испадне друга песна. Подготвуваме нешто некој дует со Дамјан, меѓутоа сме на сам почеток, можеби тоа ќе биде вистинскиот бум па останува да се види, истакнува Влатко.
Минатогодишниот настап на “Гоце Фест” од страна на Влатко беше прв и остана доста забележано па дури и наградено за оваа песна. Што се однесува за фестивалските настапи оваа година Влатко не може да планира ништо бидејќи има преголем број патувања надвор од нашата земја, како и големата најавена турнеја во Австралија заедно со својот брат Златко и братучедот Дамјан Стојаноски.