
Годинашнава турнеја му беше петнаесетта , колку што памети и се чувствува веќе како дома во далечната
Австралија. Марјан Коцев кој неодамна веќе се врати во родната Македонија, сеуште е со свежи впечатоци од неговиот помин во оваа прекуокеанска земја, а тоа не го криеше ни пред камерата на ИН телевизија, интервју кое го даде непосредно пред неговото заминување од Австралија. Сепак, неможе да направи посебна граница за тоа каде и во кое место од Австралија е убаво.
-Можам да кажам дека секаде е убаво. Кога одам во Перт имам пријатели, другари, колеги, си поминувам прекрасно. И да дојдам и во Сиднеј исто така. Исто така и во Мелбурн и во Волонгонг. За жал само еднаш сум бил на Голд Кост 2017 за прв пат. Таму бев на одмор, со еден мој пријател од Сиднеј, Кире. За прв пат го видов Голд Кост. Сакав, оваа година беше на мапата и Голд Кост за концерт но не најдовме заеднички јазик и не ја договоривме работата , така да од тоа нито. Само на Гугл ќе го гледаме , но затоа еве Перт , Сиднеј, Волонгонг и Мелбурн генерално убава турнеја. Тоа што го замислив се одбележа, се зацрта во картата. Тоа што беше желба ми се оствари , истакнува Марјан.
Во периодов кој ќе следува веќе Марјан најавува бројни други концерти низ Европа рамките на тоа тој ја продолжува неговата мисија на 25 години од неговото постоење на македонската естрада. Целта е со дваесет и пет концерти да се одбележи овој голем јубилеј на Марјан Коцев.