
Марјан Коцев со бројни импресии од Австралиската турнеја. Неговата цел е за неговите 25 години постоење на сцената, да оствари 25 концерти во 2019-та, започнувајќи од Австралија.
Познатиот фолк пејач Марјан Коцев во родната Македонија се врати со бројни импресии од Австралиската турнеја. Тој во ексклузивно интервју за ИН ТВ раскажува за турнејата, која и овојпат помина одлично и со преголема посетеност на неговите концерти.
-Прв концерт беше Новогодишниот во Перт, заедно со Оркестарот “Млада Генерација”. Благодарност до нив бидејќи се ангажираа за оваа мисија започне од овој континент. Благодарност и до Македонското друштво “Илинден”. Убаво беше, весело.-истакна Марјан, за естрадниот магазин Естрада плус.
Инаку, мисијата на оваа турнеја, како што вели Марјан е прославата на 25 години од неговото постоење на македонската естрада. Целта е за овие 25 години да се направат 25 концерти во 2019-та година, започнувајќи од Австралија.
-Перт, Сиднеј, Волонгонг, Мелбурн и повторно Сиднеј, генерално убава турнеја. Тоа што го замислив се обележа, се зацрта во картата во мојата агенда. Тоа што беше желба ми се оствари, па ќе следуваат и следните концерти низ Европа.-додава тој.
Откако убаво ќе се одмори, Марјан продолжува со неговите ангажмани во Македонија и открива дека во периодот кој следи ќе сними неколку нови песни. Тој го најавува и неговиот нов албум кој ќе носи наслов “Македонска разгледница”. На албумот ќе има по една песна од секој град и бидејќи еден албум нема да е доволен, најверојатно ќе бидат два. Освен тоа, подготвува и мини проект заедно со неговите колеги од Галакси бенд од Кавадарци и Милан Кацарски.