“Те молам прости ми” нова песна од “Фриц брадрс”

Please follow and like us:
Pin Share

Како што најавија уште кон крајот на минатата година,тоа и го реализираат.

Момците од “Фриц брадрс” продолжуваат со музички новитети и како што рекоа своја авторска песна. Имено, тие деновиве имаа и нова песна која носи наслов “Те молам простими”.

-Допрва следува албум да снимиме. Уште неколку песни , здравје оваа година треба да излезе. Цел албум ќе биде наш, авторски песни ,истакна Владо од бендот.

Како што додаваат од “Фриц брадрс” одбрале потешка варијанта на создавање на своја авторска музика, за разлика од тоа што можеле и тие како останатите да ги препејуваат веќе постоечките. Целта на ваквиот потег е да остават свој белег на творештвото кое тие го бележеле на македонската сцена. Овие момци свират буквално секаков жарн музика.

-Една свирка започнува со убава забавна песна од нашиот драг колега Влатко Стефаноски , потоа Оивер Драгојевиќ , едноставно со убаво, додава Владимир.

Минатата година “Фриц брадрс” снимија и прв видео запис за песната “Свадба јас да направам”, песна која има одлична тематика а во видео записот се внесени сите дози на ведрина и добра свадбена веселба. Зад видео записот се потпиша ИН продукција.

Please follow and like us:
Pin Share