Атрактивната пејачка Жаклина Жаки деновиве го снима видеоспотот за својата најнова песна „Не ми допирај срце“. Дел од сцените се веќе снименi на повеќе живописни локации во Охрид, а снимањето ќе продолжи и во Австралија.

Во спотот, Жаки ќе се појави во едно поинакво светло – со силна и харизматична улога, каде што се појавува и со пиштол во рака. Самата песна носи силна порака – во неа се раскажува приказна за маж кој е во брак, но е заљубен во друга девојка, а Жаклина ја претставува жената која одлучно го одбива.

Инаку, Жаклина Жаки е Македонка родена и живее во Словенија, но и покрај тоа, таа активно ја негува македонската песна и традиција. Покрај тоа што пее, Жаки свири и мандолина, а со гордост потенцира дека никогаш не ја заборавила својата земја и корени.
Дополнително, таа беше гостинка и во најпопуларната музичка емисија „ИмаТ немаТ“, каде што со своите изведби на неколку песни успеа да ја воодушеви публиката и присутните во студиото.

Новото музичко остварување на Жаклина наскоро ќе ја има својата премиера, а јавноста со нетрпение очекува да го види финалниот спот.

