Познатиот фолк пејач Наум Петрески жестоко реагираше на социјалните мрежи поради, како што вели, несоодветното преработување на старите македонски песни.
„Тотално ги уништивте сите стари хитови од ’85-та наваму, а сега влеговте и во старите македонски песни мислејќи дека сте ги испеале подобро од оригиналот. Всушност, многу непријатно и неправилно ги пеете и свирите – демек ќе смените нешто,“ напиша Петрески.

Тој додаде дека, доколку младите музичари имале доволно креативност, ќе создавале свои песни наместо да се „китат со туѓи перја“.
„Да имавме постабилна држава, ова лудило ќе се забранеше. Ништо не личите. Толку од мене, препорака – самите создавајте си иднина, не чекајте на туѓи хитови за да се докажувате,“ заврши тој.
Овој негов став предизвика голем број реакции на социјалните мрежи – дел од публиката му дава поддршка, додека други сметаат дека преработките се начин македонската музика да живее и меѓу новите генерации.
