
Завчера стана јасно дека Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт конечно се венчале на 23 декември, преку неколку протечени фотографии на социјалните мрежи, споделени од нивни пријатели-гости на церемонијата.
Сега веќе, и неколку членови на семејството започнаа да споделуваат официјални свадбени портрети на Инстаграм од вљубената двојка на нивниот голем ден.
Таткото на Мајли, Били Реј Сајрус, сподели неколку слики од свадбата, вклучувајќи ја и онаа на која хумористично вели: „Свадбата нема да биде комплетна без една слика од старата Блекбери камера на таткото“.
Хемсворт и Сајрсу се сретнаа пред снимањето на филмот „Последната песна“ и се смируваа и раскинуваа неколку пати оттогаш.