
Оваа година ќе ја паметам по многу убави нешта, вели во својата изјава фолкерката Ирена Спасовска. Таа посебно ги истакнува нејзините спотови кои ги сработи во текот на годината, како и новите песни, но и бројните настапи ширум нашата земја.
-Тука се моите спотови. Оваа година снимив два спота со ИН продукција. потоа направив и неколку успешни турнеи надвор од Македонија, како Швајцарија, Австрија, Германија. Имав да речеме една многу плодна година, тоа е на професионален план. Исто така и на приватен план, можам да кажам дека сум доста исполнета и како мајка. Мојата ќерка се запиша на факултет, мултимедија и графички дизајн. Кога ќе се завртам наназад, навистина имав една прекрасна убава година, но се надевам дека оваа година ќе ми биде уште поубава, вели Ирена.
Работните ангажмани на Ирена продолжуваат и за новгодишните празници. Нејзиниот нгажман веќе тече во угостителски објект во Скопје, каде како што најави и за Новата година и за Стара Нова година ќе бидет таму.