“Стил бенд” со посебно негување на македонската песна

Please follow and like us:
Pin Share

“Стил бенд” се ново музичко име во естрадата.

Бенд кој доаѓа од струшкиот регион и ја негува со посебна почит македонската песна. Дуле, Јован, Спасе и  Борче се четворицата момчиња кои го сочинуваат овој бенд и кои буквално прават незаборавни забави а за многу брзо најавуваат и своја песна.

-Се занимаваме претежно со народна музика, нашата македонска народна музика. Нашиот бенд постои десет години, од кои јас и нашиот тапанар Борче сме околу четири години во бендот, како понови членови, а Јован и Спасе се подолго време, истакнува Дуле, вокал  на бендот.

Заедничката потреба од тоа да творат и создаваат македонска песна, ги спои овие млади момчиња кои го оформија “Стил бенд”. Како што појаснуваат потребата од пејач и тапанар, довела до тоа кон бендот да се приклучат Дуле и Борче.

-Јован свири клавијатура, а Спасе хармоника, велат од “Стил бенд”.

Инаку бележат бројни настапи особено во струшкиот регион а во периодов пред и за новогодишните празници бендот е максимално ангажиран во “Пупина куќа ” во Вевчани.

Please follow and like us:
Pin Share