
Во наредните денови Џенифер Лопез ќе можеме да ја гледаме во филмот Second Act, во кој таа ја има
главната улога. За потребите на ова остварување музичката ѕвезда сними песна наречена Limitless, која веќе стана хит во светот.
За оваа нумера беше направено видео, во кое Џеј Ло се појавува во разни креации на фустани, меѓу другото, и во црвен костим со длабоко деколте.
