
Безброј настапи и работни ангажмани низ целата година.
Како што додаа фронтменот на група “Респекти” Даниел Сидовски, оваа година беa доста заморни. Бележеа постојани свирки на многуте свечености каде што беа барани но и низ скопските локали. Исто така годинава реализираа и еден видео проект со кавер хитовски рефрени.
-На музички пла доста заморни бевме. Дури се пожалив пред два-три дена, викам дечки 31-ви завршувам, први евентуално ако имаме нешто закажно и терам малку одмор од десет, петнаесет дена. Се враќаме веднаш за Стара Нова година, имаме ангажман. Премногу имавме работа, да не се жалам, вели Даниел.
Околу нивна нова песна како и видео запис Даниел не ја исклучува таа можност, но најверојатно тоа ќе биде во следната година.
-Ние направивме “Журка лудило” , искрено за нејзе планираме видео спот , но морам да напоменам дека песната не е извадена од наши раце, сепак е од друга фиока направена и ја препеавме ние на македонски јазик. Се мислиме дали да направиме за нејзе видео спот , но чекаме да видиме дали ќе ја прифати публиката. Испорбавме , видовме и публиката ја прифати и искрено ни ја бараат на свирки па штом ја бараат , тогап викаме дечки ќе правиме спот, додава Даниел.
Она на што во периодов “Респекти” ќе се сконцентрираат се лајв каверите кои ќе ги обработат за брзо време, се разбира во соработка со ИН продукција.