ЛАЈВ БЕНД НАЈАВУВААТ САМОСТОЈНО НОВОГОДИШНО ШОУ

Please follow and like us:
Pin Share

Самостојно новогодишно шоу во соработка со ИН Продукција најавуваат од Лајв Бенд. Меѓудругото тие се пофалија со бројни ангажмани годинава, а покрај големиот број настапи, успеаа да снимат и две авторски песни.

Лајв бенд веќе четири години опстојува на македонската естрада. Иако се релативно млад бенд, среќни се што имаат голем  број ангажмани, а годинава снимија две авторски песни за коишто изработија и видеа.

-Лајв бенд 2018-та ја помина прекрасно. Може да се пофалиме со две наши нови авторски песни издадени годинава. И за двете песни имаме спотови. Презадоволни сме бидејќи сме релативно млад бенд од некои си четири години постоење, меѓутоа со премногу ангажмани.-истакна Орде Неделковски, вокал на бендот, при интервјуто за ИН ТВ.

Орде меѓудругото го најавува и нивното самостојно Новогодишно шоу кое што ќе се снима во соработка со ИН Продуција, во најскоро време.

-Веќе се планира и 2019-та, што навистина не радува. Во оваа прилика би сакал да им најавам на сите гледачи на ИН Телевизија дека во најскоро време ќе се снима нашиот самостоен Новогодишен проект, кој истотака ќе имаа можност да го погледнат.-вели пејачот.

Орде им се заблагодарува на сите оние кои што досега им ја дадоа нивната поддршка и како што вели веќе започнува да се полни и нивната агенда со ангажмани за 2019-та година. Од бендот откриваат дека веќе се во преговори за настапи надвор од земјава во следната година.

Please follow and like us:
Pin Share