Екстра бенд Скопје задоволни од 2018-та, за следната година најавуваат новитети

Please follow and like us:
Pin Share

Екстра бенд од Скопје задоволни од ангажманите во 2018-та година, а за следната година најавуваат уште многу работа и доста новитети. Тие на Новогодишното шоу од ИН Продукција ја промовираа нивната најнова песна.

2018-та поминува доста работно за момците од Екстра бенд-Скопје. Кристијан Тасевски, вокал на бендот при неодамнешното интервју за ИН ТВ истакна дека сите викенди им биле исполнети, а најчесто со разновидни фамилијарни прослави. Деновиве момците убаво ќе се одморат и ќе соберат сила за претстојните настапи на Предновогодишните забави. За дочекот на Најлудата ноќ тие се веќе резервирани во познат скопски ресторан.

-Па генерално да, бевме навистина исполнети со многу работа. Ние најмногу свириме свадби, македонски, босански и др. Сите кои што сакаат да  не слушаат не ангажираат. Можам да кажам дека до пред една недела секој викенд бевме зафатени. Сега еве да се одмориме и пред Нова година повторно почнуваме со прославите Новогодишни. За Нова година ќе свириме во ресторан Ритуал во Скопје, па кој сака нека повели.-открива Кристијан, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Годинава, Екстра бенд Скопје ја заокружуваат со нова песна, којашто јавноста ќе има можност да ја слушне на Новогодишното шоу кое го организираше ИН Продукција. За следната година  како што вели Кристијан имаа големи планови на музички план, снимање на нови авторски песни, како и неколку проекти.

Please follow and like us:
Pin Share