Пред извесно време се врати од Данска, каде оствари успешен настап пред тамошните македонци. Ташко Каранфиловски за следниот период најавува и кратка турнеја во Шведска.
Ташко Каранфиловски доста често гостува низ европските земји, а најмногу во Шведска и Данска. Тој истакна дека на овие места веќе се чувствува како дома. Пред извесно време имаше настап во Данска, каде престојуваше неколку дена и како што вели си поминал прекрасно.
-Неколку дена бев во Данска, во Балеруп, поминав прекрасно, а се надевам дека и луѓето беа премногу задоволни. Тие ми најавија и следно гостување во септември на истото место, кај истите прекрасни луѓе. Морам да кажам дека и јас си поминам премногу убаво со нив.-раскажува при неговото гостување во ИН Продукција, Каранфиловски.
Ташко вели дека и во периодов кој следи ќе има неколку настапи во Шведска, кои се веќе закажани, а се надева дека во иднина ќе замине и на поголема турнеја кај нашите македонци кои живеат во подалечните земји.
Инаку, младиот пејач изминативе три месеци беше дел од група Персиди како замена на вокалот на групата, кој бил отсутен во тој период. Тој вели дека е презадоволен од соработката со тие момци и дека истата ќе продолжи и во иднина.
-Веќе еве три месеци бев заедно со група Персиди од Ресен како замена на нивниот пејач кој беше отсутен во тој период и си поминавме прекрасно. Свиревме во Ресен кај нас, имавме и неколку свадби, фамилијарни веселби, па тие неколку месеци ги поминавме во прекрасна атмосфера, веќе си имаме и понатамошна соработка со таа група.-додава тој.
Инаку, Каранфиловски пред скоро време во емисијата “Промо” ја промовираше неговата најнова песна која носи наслов “Дојди ми Љубице”.