Спасен: Секогаш сум отворен за соработка и дружење

Please follow and like us:
Pin Share

Кичевскиот регион слободно може да се каже дека е почва плодна со музички имиња. Доволно е да се споменат Спасен Силјаноски, Дамјан Стојаноски, Дарко Стојаноски, познатите браќа Влатко и Златко

Миладиноски, од поновата музичка генерација, а секако за споменување се и Билјан и Војо Стојаноски кои оставија длабока трага во македонската музичка историја. Скоро сите музички имиња бележат своја плодна соработка и токму затоа зодаваат трајни и уникатни вредности кои остануваат запаметени засекогаш. Како што истакнува Спасен, тие не се гледаат како ривали туку сосема спротивно, како блиски соработници.

-Јас сум секогаш отворен за соработка и пред се за дружење. Секогаш гледам да бидам на некое ниво, средно ниво. Не сакам да се омаловажувам, ниту некој да ме омаловажува, не сакам да бидам ни  над другите. Сакам да бидам секогаш еднаков со сите. Зависи од категоријата на луѓе со која што се дружам и каде што се наоѓам во моментот. Се прилагодувам да бидам на тоа ниво. Така да и со нашите колеги доста соработуваме. Пред да дојдам тука еве пиев кафе со Дарко Стојаноски. Воглавно, имам соработка со сите. Златко Миладиноски е на половина од моите песни аранжер, тој ги прави аранжманите. Соработуваме буквално. Ете му поклонив и песна на Дамјан Стојаноски, како млад искусен и добар интерпретатор. Треба да му се даде подршка. Ние како повозрасни, поискусни во ова музичко шоу, истакнува Спасен.

Спасен на музичката сцена се појави сосема спонтано и полека се наметна пред публиката со големи хитовски рефрени кои се пеат на секоја веселба. Во голема мера како текстописец на неговите песни се јавува мајката на Спасен, а  музиката е од Спасен.

 

Please follow and like us:
Pin Share