Фантастико бенд добропознати по свирките низ Тиквешијата

Please follow and like us:
Pin Share

Фантастико бенд имаат бројни настапи низ земјава, а најчесто свират во Тиквешкиот регион. Тие велат дека публиката насекаде е прекрасна и одлично знае да се забавува.

Фантастико бенд се добропознати по нивните бројни свирки низ Тиквешкиот регион. Тие најчесто настапуваат на семејни веселби, но не изостануваат и настапите низ локалите и рестораните.

-Најчесто настапуваме на свадби и други веселби. Ние сме група која претежно свири свадби, и денес сме овде да го промовираме нашиот прв проект, во ИН Продукција. Публиката секаде знае да се забавува како што треба и секој крај нормално си има свои традиции и обичаи, па насекаде е убаво.-вели Павле, еден од членовите.

Од бендот велат дека се презадоволни од соработката со ИН Продукција и потенцираат дека истата ќе продолжи и во иднина.

-Соработката со ИН е одлична, прекрасна, сега засега е во најдобар ред. И понатаму ќе се дружиме и нема да биде ова еден проект, туку еден од многуте кои ги планираме во иднина со прекрасниот тим на ИН Продукција, благодарност до нив и поздрав до Ване.-додаде тој при неодамнешното интервју.

Фантастико бенд деновиве во студиото на ИН Продукција го снимија нивниот прв видео проект, со добро одбрани македонски народни песни. Се надеваат дека ќе биде добро прифатен од публиката.

Please follow and like us:
Pin Share