Фановите на Владо Георгиев во шок

Please follow and like us:
Pin Share

Владо Георгиев, според пишувањата на српските медиуми на 7. мај завршил во болница, откако сопругата Милица го нашла онесвестен.

– Екипата на „Брза помош“ го затекнала Владо на подот. Бил онесвестен, исцрпен и блед. Вилицата му била вкочанета, а од усните кои му беа помодрени, му течеше вода. Веднаш беше пренесен во Ургентен центар. При доаѓањето во болница, сопругата на Владо побара да му биде лицето покриено со шамија, за да не го препознаат – вели извор кој сакаше да остане анинимен.

Георгиев го прегледал интернист, а потоа и уролог. Бил во многу лоша состојба. Медицинската сестра му дала инфузија и му го измерила пулсот. По еден и пол час, пејачот си дошол при себе. Лекарите сакале да го задржат во болница, да му направат детални анализи. Но, кога слушнал дека треба да биде хоспитализиран, тој на своја одговорност ја напуштил болницата.

Please follow and like us:
Pin Share