
Иако значи за релативно ново име на македонската музичка сцена, Михајло Данилоски неодамна во соработка со ИН продукција сними нов видео запис за неговата песна “Мајка”. Особено за истакнување е тоа што Михајло се појавува на музичката сцена со сосема ново компонирани песни, за кои како што вели сака да биде свој и да донесе новина во македонската музика.
-Македонската музика може да се прават бројни кавери на народната музика, но некако мислам дека се пронајдов овде како автор, да пробаме прво со наше ново па потоа ќе видиме што понатака, истакнува Михајло.
Михајло е доста баран по приватните забави и свечености, особено во кичевскиот крај од каде што и потекнува.
-Најчесто настапуваме сега како група која сме од неодамна на македонската музичка сцена, по приватни забави, свадби, кафанчињата што се тука некаде, а понатака ќе видиме. Затоа работиме на промоција , работиме на нова музика и нови песни, истакнува Михајло, додавајќи дека не ја исклучува можноста за понуда да настапи надвор од нашата земја.
Покрај видео записот за песната “Мајка”, Михајло ја има и неговата песна “Моме убаво”, каде се јавува како автор на музиката и текстот од оваа песна а аранжманот е на неговиот роднина добро познатиот Златко Миладиноски.