“RECOGNIZED BY GREECE AS FYROM” е натписот со кој е вратено во нашата земја цд-то на пејачот Јордан Митев од Грција. Имено, минатата година во месец август, Јордан пратил негово цд со потпис на фанови од Грција. На писмото во кое било цд-то, имало поштенска марка на која пишувало Македонија. На ова реагираше менаџерот на Јордан за Австралија, Аце Петровски кој напиша статус на неговиот фејсбук профил.
Цд потпишано од Јордан Митев, после една година е вратено во Македонија од Грција. Ова го соопшти неговиот менаџер Аце Петровски на социјалната мрежа фејбук. Според Петровски, цд-то било пратено во месец август кај негови фанови кои барале цд со потпис на Јордан Митев, а дури сега го вратиле со натпис-RECOGNIZED BY GREECE AS FYROM.
-Почитувани македонци, како што знаете моментално сум на гости кај мојот драг пријател и соработник Јордан. Утрово видов со свои очи една работа која крајно ме изнервира, кога пиејќи кафе поштарот му донесе едно писмо. Го отвори Јордан и внатре беше неговото цд кое го пуштил на некои луѓе во Грција коишто барале негово цд со потпис. Лани во август го има пратено и Грција дури сега му го враќа назад кадешто пишува RECOGNIZED BY GREECE AS FYROM, а на писмото има поштенска марка на која пишува Macedonia. Добро бе луѓе има ли смисла ова што го прават до каде одат понижувањата на Македонците. Срамота срамота.-напиша Аце Петровски на неговиот фејбук профил.