По минатогодишниот голем негов хит кој го испеа на Лешочкиот фолк фестивал, “Ќе ти дојдам вечер во зла доба”, Спасен Силјаноски не ја исклучува можноста за повторно да настапи и на овогодинешното издание на овој фестивал. Сепак, како што вели мора да се има добра песна а не само песна колку да настапи на фестивалот. Некогаш е подобро да не се настапи, отколку да се настапи со нешто неквалитетно.
-Како конкуренција се зметам самиот себе си, на тој начин што секогаш гледам да сум подобар од претходниот пат. На почеток кога прв пат ја испеав “На свадба ме канат” , дури владееше некој страв во мене, песната беше толку слушана и толку голем хит, буквално низ цела Македонија и дијаспората , се прифати секаде. Сметав дека ова е врвот и нема да можам да создадам нешто што ќе го надмине тоа. Но, ете после тоа излезе “Мајка сина прашува” и таа песна надмина со популарност и многу други после на, истакнува Спасен.
Спасен соработува и со бројни музички имиња, кои значат за негови соработници. Бројни се музичките имиња за кои тој има компонирано и песни за нив. Тој песната ја работи подогл период за како што вели да создаде добра песна која трајно ќе остане во македонската музичка ризница.
-Сум ја компонирал таа песна и без разлика кој и да ја пее ја дожиувам исто како да е моја. Спасе Матлијоски пее моја песна “Ветена”, Дамјан Стојаноски “Клетва” и многу други песни. Гледам да се задржи некој критериум, не може сите песни да се хитови , но да го исполнуваат оној критериум што значи добра македонска песна со сите тие стандарди, вели Спасен.
Спасен кој доаѓа од кичевскиот крај важи за доста баран пејач на бројни приватни свечености и настапи ширум нашата земја.