
Јелена Карлеуша повторно го привлече вниманието на јавноста. Таа на социјалните мрежи објави фотографии од настапот пред неколку денови каде е целосно облечена во Версаче. Покрај овој необичен стајлинг, на една од фотографиите ги покажа и стомачните мускули.
Јелена Карлеуша е жена која важи за секогаш средена и облечена по најнова мода. Но понекогаш знае и да претера со нејзиниот стајлинг.
Таа на Инстаграм објави фотографии од нејзиниот последен настап на кој беше облечена во модел на Версаче од глава до пети. Јелена носеше кроп топ, хеланки и здолниште со истиот дизајн. На една од фотографиите ги покажа и своите затегнати стомачни мускули.
А дали се работи за фотошоп или теретана, пресудете сами !