Даниел Божиноски има голем број настапи низ локалите во земјава. Тој настапува заедно со неговиот бенд “Нота” и Христијан Тришоски. За викенди како што истакна тој, претежно свират во рестораните во Кичево.
Младиот и талентиран музичар, Даниел Божиноски кој свири на саксофон, има и свој бенд со кој настапува низ локалите. Тој претежно свири во родниот град, Кичево, заедно со неговиот бенд Нота и пејачот Христијан Тришоски.
-Најчесто настапувам со мојот бенд “Нота” и Христијан Тришоски. Најчесто настапуваме низ Кичево, по рестораните, а понекогаш и во некој клуб, претежно за викендите сме во нашиот град Кичево.-истакна саксофонистот при неодамнешното интервју за ИН ТВ.
Тој вели дека веќе се закажани голем број ангажмани за перидов кој следи, па ќе имаат полни раце работа. Покрај настапите, тој деновиве го промовираше видео записот за неговото прво музичко дело со наслов “Алтано оро”, а веќе подготвува нов материјал, за кој како што вели ќе следат и нови видео записи.
-Па да, во скоро време, односно за брзо време мислам дека ќе има уште неколку нови видео записи и нови инструменталки, ќе се снимаат за брзо време. Најверојатно и тие ќе бидат мои авторски дела, па сега ќе видиме.-додава тој.
Инаку, Даниел е студент на Музичката академија во Скопје, а покрај на саксофон, свири уште два инструменти, кларинет и клавир.