(ВИДЕО) Саксофонистот Даниел Божиноски сними видео запис за неговото прво оро

Please follow and like us:
Pin Share

Саксофонистот Даниел Божиноски сними видео запис за неговото прво музичко остварување насловено “Алтано оро”. Видео записот се снимаше на повеќе локации во прекрасниот Охрид, односно во стариот дел од градот, а во соработка со ИН Продукција.

Младиот и талентиран музичар Даниел Божиноски сними видео запис за неговото авторско дело со наслов “Алтано оро”. Даниел истакна дека е презадоволен од тоа како помина снимањето, кое се одвиваше на неколку локации во Охрид, односно кај Горна Порта и црквата Света Богородица Перивлепта.

-Снимањето помина одлично, орото се вика Алтано оро, насловот дојде според самата мелодија. Поминавме супер, се помина во најдобар ред. Орото е мое авторско дело,  а го работев со помош на мојот братучед, Златко Миладиноски кој го направи аранжманот.-вели Божиноски.

Ова е негово прво музичко остварување, а неговите очекувања се дека видео записот ќе биде одлично од прифатен од јавноста, но и дека ќе се зголеми бројот на настапи како во земјава, така и надвор од неа. Даниел не го криеше и задоволството од соработката со ИН Продукција.

-Ова ми е прва соработка со ИН Продукција. Едноставно супер беше, дури и повеќе од очекуваното. Доста професионално изработено, онака како што треба и многу сум задоволен.-додава младиот музичар.

Даниел за следниот период најавува снимање на уште неколку нови инструменталки, како и видео записи за истите.

Во продолжение уживајте во прекрасниот видео запис за “Алтано оро” !

Please follow and like us:
Pin Share