3 концерти досега, исполнети до последното место. Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд со доста импресии од нивната 4-та по ред турнеја во Австралија. До крајот им преостануваат уште 8 концерти пред нашинците.

Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд во моментов ја остваруваат нивната 4-та турнеја во Австралија. Момците досега одржаа три концерти пред нашинците во оваа далечна земја, а како што дознаваме салите во кои настапуваа биле исполнети до последното место.
-Мелбурн, Сиднеј, Волонгонг, Перт, Бризбејн, Голд Кост, во сите градови каде што ги има нашинците. Најчесто пееме македонско се знае, но потпевнуваме и српски песни, но претежно македонски.
Моите очекувања се како и секогаш. Дефинитивно најпозитивната публика, највеселиот народ. Јас мислам насекаде каде настапуваме и кадешто ги има нашите македонци тоа мора да биде весело и расположено на највисоко ниво, секогаш.-истакна Јовиќ пред заминувањето во Австралија.


Како и претходните турнеи, така и овојпат, Ѓоко и Енерџи биле топло пречекани од нашите македонци. Со оглед на тоа што македонците важат за најпозитивна и највесела публика, тие велат дека се презадоволни од настапите и си поминуваат одлично. До крајот на турнејата им преостануваат уште 8 концерти.



