ДУБАИ и се е можно: Богат шеик дава 10 милиони долари за регистарска таблица, најскапата што се нудо денеска е ММ

Please follow and like us:
Pin Share

Нема зима за богатите шеици. Даваат милипни долари и за регистарски таблички

Некои регистарски таблички, особено оние со помалку знаци, редовно имаат добри резултати на аукции и достигнуваат огромни цени. А кога на се ќе додадеш хуманитарен карактер, тогаш успехот е загарантиран.

Токму тоа се случи на хуманитарната аукција наречена „Најблагородните броеви“, која се одржа неодамна во Дубаи. Највисока цена постигна таблицата „АА8“, од речиси 10 милиони долари. До милиони стигнаа и таблиците „F55“, „V66“ и „Y66“, пишува Arab News.

Добротворната аукција беше лансирана од Mohammed bin Rashid Al Maktoum Global Initiatives (MBRGI) и за само два часа тие собраа околу 14,4 милиони долари за да бидат донирани во кампањата „Една милијарда оброци“. Станува збор за хуманитарна кампања чија цел е да обезбеди бесплатна храна за загрозените во дури 50 земји во светот.

Потсетуваме, најскапа продадена регистерска табличка е „Ф1“, која во 2018 година го промени сопственикот во Велика Британија за околу 20 милиони долари.

Најскапата табличка што се нуди денеска е „ММ“ која во Калифорнија се продава по цена од 24,5 милиони долари.

Please follow and like us:
Pin Share