Александра Пријовиќ доби поклон од 35 илјади евра. Се работи за автомобил марка “мерцедес” кој и го купил идниот сопруг, Филип уште пред две недели.

Александра Пријовиќ од идниот сопруг Филип Живојиновиќ добила автомобил вреден 35 илјади евра. Станува збор за „Мерцедес“ кој е во сопственост на пејачката веќе две недели.
Веќе со години Александра сакала да научи да вози и да има автомобил, но тоа не можеше да го реализира поради големиот број обврски.

Најпосле, минатата година почна со часови, а тестовите и возењето ги положи од прва. Тогаш нејзиното момче реши да ја награди. Како што пишуваат српските медиуми, Филип го купил автомобилот пред да ја побара за жена, но таа подарокот го доби сега.
Инаку, свадбата на оваа позната двојка е закажана за 21-ви јуни кога ќе го изговорат судбоносното „Да“.
