Толку сме “Богати” што инвестираме во настани на кои ги гледаме Петар Грашо, Владо Георгиев, Здравко Чолиќ

Please follow and like us:
Pin Share

Ајде малку за (не)културатаОд каде и да започнеме, до каде и да завршиме, во едно ќе се сложиме?! Ја имаме и тоа во изобилство, но, во исто време ја немаме до бескрај?!.Имаме безброј културни знаменитости, обележја, наоѓалишта од праисторијата, го имаме Охрид, Крушево, Кратово … Ги имаме Камените Кукли, Плаошник, Кокино, Стоби … Го имаме Охрид Фест, Серенада на Широк Сокак, Тумба Фест, Охридско Културно Лето … Театарски Фестивали по многу градови, Златно Славејче, Распеано Детство … Ги имаме Горан Стефановски, Симон Трпчевски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Милчо Манчевски … А имаме и Министерство за култура.Толку сме “Богати” што инвестираме во настани на кои ги гледаме Петар Грашо, Владо Георгиев, Здравко Чолиќ, но нема средства за автентични, наши, Македонски настани на кои се промовира Нашата Култура, кои се грижат за нашиот идентитет, историското културно наследство, сочувување на нашата култура и нашето бесценето богатство.Кога на Черчил му предложиле средствата наменети за култура да ги пренасочи во одбрана од нацизмот – категорично одбил со зборовите “Зошто ни е потребна победата, ако ја изгубиме културата”.Почитувани културни дејци од сите области, борбата продолжува, не се предавајте, творете, само така ќе си ја сочуваме државата, само на тој начин ќе си го сочуваме идентитетот.

Текстот е преземен од статус на Драган Јаким ,организатор на повеќе Македонски културно музички настани.

https://www.facebook.com/jakimdragan.mk

Please follow and like us:
Pin Share