Зоран Стефаноски од Сиднеј, Австралија попознат како Зоки сакс, реализираше проет со кралот на ромската музика, Ферус Мустафов

Please follow and like us:
Pin Share

Станува збор за „Маалски чочек“, кој Зоки и Ферус го работеа последните денови од животот на Мустафов, а е снимен во студиото „Сити саунд“. Стефаноски работи како професор по саксофон и кларинет во приватна институција за музика и има завршено Конзерваториум на музика во Сиднеј. Досега има снимено повеке ора и чочеци , негови авторски и издадено еден албум со издавачката куќа „Сенатор“ од Битола. Во соработка со маестро Сашко Велков, кој е негов долгогодишен соработник, го подготвува и неговиот втор албум, кој му е од големо значење, а во изминатиов период снимаше и видео записи и спотови за своите дела.

Please follow and like us:
Pin Share