Благојче Tодоровски финалистот од Македонското талент шоу со свое првенче!

Please follow and like us:
Pin Share

Младиот и талентиран финалист од Македонското талент шоу Благојче Тодоровски снимаше видеозапис на неговото првенче насловено како “Заљубен и збунет “. Песната е дело на неговиот повозрасен колега со кој се и сонародници а и добри пријатели Благојче Стојановски Туше а аражманот е на Менде Ташковски песната е снимена во неговото студио.

Спотот за оваа песна се снимаше во градчето каде Благојче живее во Ресен на неколку интересни локации.Освен Благојче во спотот се појавуваат и двајца негови иструменталисти Бојан и Дарко Здравески а главната улога и е доделена на младата Сандра Цаловска а го работеше ИН продукција.

За неколку денови спотот ќе биде прикажан на сателитската ИНТВ и дваесетина Телевизии низ Македонија кои го негуваат Македонскиот фолкор .Инаку Благојче има планнови за брзо време да го сними својот прв албум и неколку дуети со негова колешка ,која засега останува тајна.

Please follow and like us:
Pin Share