Ансоу од Сенегал или Сидоко, како што го нарекуваат другарите, е маѓепсан од македонската музика, а омилени му се „Ќе ти дојдам“ од Спасен Сиљаноски и евергринот „Бисер балкански“ на Гоце Николовски. Љубовта кон музиката на ова младо момче кое инаку живее и работи во Италија му ја всадиле колегите од работа од кои повеќето се Македонци.
Сидоко се бави со градежништво, па додека работеле на објекти со колегите слушале македонска музика и малку требало и младиот Сенегалец да стане „вистински Македонец“ и да почне да слуша македонска музика. И не само тоа – научил и по некој збор македонски, а си носи и маица со ликот на Гоце Делчев.
Фолкерот Спасен, кој му е омилен пејач на ова младо момче, на последното гостување во Италија одвоил време да се запознае со него, а средбата, секако, не поминала без песни. Спасен ни откри дека за него дознал од нашите иселеници и без размислување го прифатил предлогот за средба.
„Сидоко е доказ дека музиката не знае за граници“, вели Спасен, мајсторот на добрата забава и човекот пред чија музика и песна нема рамнодушни.
Прва на списокот песни кои се запеале на дружбата инаку била одличната „Ќе ти дојдам“, а потоа се пеело по желба на фанот од Сенегал, кој не само што пеел, туку и порачал – „Да живее Македнија“.
https://www.facebook.com/spasen.siljanoski.9/videos/601365361203166/?t=5