По пауза од пет години, оваа година повторно во градот под Марковите кули, градот херој, ќе се одржи “Иселеничкиот фестивал”. И оваа година градот Прилеп ќе биде домаќин на еден од најпознатите македонски музички фестивали кои го организира иселеник кој долги години живее и работи во Германија Ордан Ристески кој потекнува од Прилеп, па поради тоа го организира овој фестивал токму тука сакајќи да му се одолжи на градот преку песната.
Објавен и списокот на изведувачите
- Славка Младеновска (Шведска),
- Пепи Димоска (Германија),
- Алексо Тришоски (Швајцарија),
- Гашо Тришоски (Швајцарија),
- Слаѓана Костова (Италија),
- Цане Николовски (Шпанија),
- Марјан Васкоски (Австралија),
- Пеце Даскалот (Америка),
- Симе Бричот (Австралија),
- Ѓорѓи Тримчевски (Германија),
- Зоран Далчески (Америка),
- Павле Кајмакоски (Австрија),
- Лефко Блажески (Австралија),
- Јоцо Стоиловски (Италија) и Петар Нечовски,
- Љупчо Јовановски-Бубе (Австралија),
- Ордан Ристески (Германија),
- Горан Ристовски (Германија),
- Барбара Јаковлеска (Швајцарија),
- Драган Драгаш (Шведска) и Благоја Грујовски,
- Перо Христов,
- Мишко Микле Србиноски (Америка),
- Нада Ангеловска (Австралија), и
- Лилјана Стоилковска.