Не попусто ја отпае својата голема хит песна “Не се важни километри”, што за него и навистина не се важни со оглед на преголемите работни ангажмани во периодов. Благојче Стојаноски Туше, кој во моментов се наоѓа на својата австралиска тунеја за само неколку денови доаѓа во родната земја но само слетува на скопскиот аеродром по што веднаш ќе полета за Шведска.
Впрочем, ваквиот најдинамичен период Туше го најави и на својот фејсбук профил каде во објавата напиша:
-Кога имаш менаџерче јако, ќе ти најдува тезги ваму-таму, а го најави и своето гостување во Гетеборг, Шведска по повод Денот на жената осми март.
Настапот на Туше е најавен за 9-ти март како “Осмомартовска игранка” заедно со оркестарот Антика, а во просториите на друштвото “Гоце Делчев” во Гетеборг.