Ангел со желба да настапи на некој летен фестивал

Please follow and like us:
Pin Share

Иако значи за релативно младо музичко име, за многу брзо кратко време Ангел Стојкоски постана препознатлив  и многу баран со свои настапи особено во струшкиот крај од каде што ни доаѓа. По неговата неодамнешна голема турнеја во Америка, Ангел веќе полека се подготвува за оној најработен пролетно-летен период со бројните настапи кои веќе му се резервирани.

-Премногу сум задоволен од побарувањето во мое име. Велигденските празници се веќе зафатени. Летниот период за нас е турбо сезона, како што кажавме. Јас сум премногу задоволен, зафатен. Очекувам се повеќе и повеќе публиката да ме прифати, истакнува Ангел.

Помеѓу другото,Ангел не ја исклучува можноста и желбата која ја има да настапи на некој летен фестивал кој се реализира во нашата земја.

-Се адевам дека и на некој фестивал кој се одржува претежно во лето, дека ќе успеам да направам некоја добра песна за да се претставам во најдобро светло. Тоа се тие ангажмани кои ги имаме ние музичарите, додава Ангел.

За многу брзо време Ангел веќе најави при гостувањето во ИН продукција дека ќе ја издаде и својата нова песна, за која не откри многу детали, туку напомена дека станува збор за песна во брз и весел ритам која ќе нози наслов на познато женско име. Секако тој и во периодот кој следи најавува снимање на нови авторски песни.

Please follow and like us:
Pin Share