Душко, Јован, Борче и Спасе се четворицата момчиња кои го сочинуваат “Стил бенд” а кои ни доаѓаат од струшкиот регион. Тие долго време се занимаваат со музика, при што се многу добро познати во својот крај но и се доста барани на голем број свечености. Неодамна го снимија и својот прв видео запис за песната “Стојнето” од кој секако очекувањата се големи.
-Ние како бенд, времето ќе покаже како ќе биде песната. Ние сме презадоволни и од аранжманот и од музика и од вашата продукција, од видео спотот. Понатака времето ќе покаже, вели Дуле.
Во периодов бендот е на кратка пауза, како што велат полнат батерии за почетокот на пролетниот период од кога и започнуваат свадбените свечености каде се со веќе закажана полна работна агенда. Покрај тоа што се познати и препоззнатливи во струшкиот регион тие се барани и пошироко.
“Стојнето” е нивна прва асвторска песна зад која се потпишува Драган Матерски како текстописец и Златко Миладиноски за музиката и аражманот. Момците најавуваат снимање и на нови авторски песни.